петок, 26 јули 2024
По договорот меѓу Беса и Алтернатива

Касами повика на создавање опозициски фронт, ги повика и „огнените“ и незадоволните од Таравари

Објавено на

часот

Сподели

„Како претседател на Движењето Беса му подадов рака на соработка на Африм Гаши, а по конечното раздвојување на фракцијата од ДУИ, ќе им подадам рака и нив за обединувачка соработка. Упатувам коректна и искрена покана до пратеничката група и до сите членови на Алијанса за Албанците со опозициска ориентација да се приклучат на опозицискиот фронт, бидејќи тие секогаш биле за промени во албанскиот политички табор и за уривање на ДУИ.

Го поканувам и целиот опозициски спектар, јавните личности, дијаспората и другите актери на албанското општество да се приклучат на овој фронт за да може гласачот Албанец на следните избори да има правилна адреса за процесот на промени“, вели Касами во јавниот повик и нагласува:

„Направен е првиот чекор кон соработка и обединување. Сите заедно да работиме за победа на следните избори, за победа на Албанците“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ