сабота, 27 јули 2024
Градоначалникот објаснува

Касами: Новогодишно украсување на Тетово не е приоритет кога се немаат доволно пари, вода, контејнери…

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами објасни зошто не планира новогодишно укасување на градот. Како може тоа да биде приоритет кога поради наследени проблеми немаме доволно пари, имаме проблеми со водоснабдувањето, сообраќајниот метеж, чистењето на градот, вели Касами.

Објавено на

часот

Сподели

На праањето дали ќе се украсува градот, Касами вели:

„Не, додека не успееме финансиски да го стабилизираме градот, додека не успееме успешно да управуваме со основните обврски на Општината поврзани со одржувањето на јавните објекти, со  чистењето на градот, со снабдувањето со доволно вода, со регулирањето на основната инфраструктура… Не гледаме потреба да се трошат средства за прашања кои секако се важни за градот, но не се неопходни“, рече градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами..

Тој упати апел да не се слави со петарди и други пиротехнички средства.

А од СВР Тетово најавија ригорозни казни во денарска противредност до 250 евра за секој што ќе направи огномет на јавно место.

Од полицијата потсетуваат дека за набавка и дистрибуција на пиротехнички средства според Кривичниот законик може да се добие казна затвор од над 5 години.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ