сабота, 27 јули 2024

Касами: МОН ми ги одзеде ингеренциите, а не ги исполнува обврските кон гимназијата Кирил Пејчиновиќ

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на прес-конференција упати критика и обвинување за незаконски постапки од страна на Министерството за образование и наука (МОН) околу одземањето на неговите ингеренции врз гимназијата Кирил Пејчиновиќ. Тој го обвини министерството за неправилно одземање на ингеренциите поради што се проблематизира нормалното функционирање на гимназијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Една ингеренција за една работа може да се одземе два пати, но не подолго од 12 месеци. Во министерството нашле начин како да ги одземат ингеренциите уште 12 месеци со некоја правна дефиниција дека ми ги одземаат сите надлежности во гимназијата. Заборавиле дека Општината не е само градоначалникот, Општината е Советот и градоначалникот, со поделени надлежности. Советот го усвојува буџетот, кој го реализира градоначалникот. Со тоа што на градоначалникот му ги имаат одземено ингеренциите не можат со таа одлука да реализираат буџет, затоа што буџетот е надлежност на Советот. Во тој дел тие не можат да постапат затоа што донеле незаконско решение и сега доаѓа до оваа ситуација во која не можат да ги реализираат обврските кои доброволно и противзаконски ги презеле“, истакна Биљал Касами.

Тетовскиот градоначалник смета дека поради потезите на Министерството за образование нема редовно дотации до гимназијата со што се јавуваат финансиски проблеми за установата.

„Доцни плаќање на струја. Исто така предупредувам и за друг проблем. Според моите информации, доцнат плаќања до фирмите кои вршат превоз за ученици од гимназија. Министерот за образование рече дека поради тоа што по вторпат се одземаат ингеренциите, обврска на министерството е да најде решение за раздолжување на долговите за струја па дури и призна дека не се способни да го направат ова наеднаш, ама го прават на рати, месец по месец“, посочи Касами на прес-конференцијата.

Тој рече дека со ова министерството во последно време не ги исполнува своите задачи и обврски и не обезбедува соодветна поддршка за училиштата во Тетово. Потоа потенцираше дека да била вината кај општина Тетово, ова ќе се случело и во другите училишта, но тоа не е така и наставата продолжува непречено и ефикасно.

„Значи ова е силен доказ дека ДУИ заедно со нејзиниот министер за образование и познатата директорка воопшто не се грижат за одвивање на наставниот процес, туку се занимаваат со дневна политика и клеветење на општината, но се чини дека тоа не го прават добро бидејќи се негираат самите себе си. Општина Тетово во овој период нема пуштено финансиски средства на гимназијата, но добро е познато зошто. Бидејќи гимназијата ја води директорка која има кривична тужба за злоупотреба на средства, и истото е констатирано и од внатрешната ревизија, кои констатирале сериозни прекршувања на користењето на парите. И поради оваа причина општината не е заинтересирана да дава пари за да продолжат да се злоупотребуваат“, рече Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ