недела, 19 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Касами до ДУИ: Го предадовте албанскиот глас, станавте милионери

Лидерот на Беса и еден од лидерите на коалицијата Вреди, Биљал Касами, по митингот на Европски фронт одржан во Тетово, упати порака преку Фејсбук во која нагласи дека ДУИ и лидерот Али Ахмети „го предадоа албанскиот глас“, но дека најголемиот проблем не е тоа, туку, како што нагласи, што станале милионер со криминал.

Објавено на

часот

Сподели

„Да, точно е дека не сте албански субјект, затоа што сте мултиетнички субјект. Го предадовте албанскиот глас затоа што го однесовте кај пратениците од други етнички групи.
Но, тоа не е вашиот главен проблем, вашиот главен проблем е што станавте милионери со кражба и без да инвестирате ништо за оваа нација“, вели Касами.
Тој потсети колку лути непријатели беа сегашните партнери Али Ахмети, Зијадин Села и Мендух Тачи, а потоа на ДУИ ѝ порача дека кога ја презел градоначалничката функција го затекнал Тетово со нула инвестиции и со долгови.
„Гласот на Албанците нема да биде глас за кратците, не може да се смета за Албанец тој што ќе даде глас за крадец. Тоа добро го знаеш и знаеш дека сте уништени“, му порача Касами на лидерот на ДУИ, Ахмети.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ