понеделник, 21 октомври 2024
Став на лидерот на Беса

Касами: ЦИА нема да дозволи дестабилизација и руско сценарио, напнатост владее во ДУИ

Лидерот на Беса, дел од коалицијата Вреди, Биљал Касами изјави дека посетата на шефот на ЦИА на регионот покажа дека меѓународната заедница нема да дозволи Балканот да биде дел од руското сценарио за дестабилизација. „Во ДУИ од ден на ден се компликуваат работите зашто мора да се соочат со правдата, па се обидуваат да ја напнат ситуацијата и да ја дестабилизираат земјава“, рече Касами.

Објавено на

часот

Сподели

„Државните институции и меѓународните партнери имаат информации дека меѓу функционерите на ДУИ владее напнатост и тоа се обидуваат да го прикријат со обиди за дестабилизација во земјава. Но ЦИА тоа нема да го толерира“, одговори Касами на новинарско прашање.

Според него, затоа ДУИ сега е подготвена да соработува со секоко само за да биде на власт. Во Велес ДУИ продолжува со соработката со Левица, во Град Скопје се вратија во власта, а таму важна улога има и Левица.

„Но, тоа што е заедничкиот интерес на ДУИ и на Левица е на штета на граѓаните“, изјави Касами.

Од Вреди упатија и соопштение до медиумите.

„Додека нивните мегафони добиле задача да шират фама дека Али Ахмети наводно е на линија на ЦИА, всушност не само што прават уште еден фаул туку и ја сокриваат суровата вистина. По бојкотот на вториот круг на претседателските избори, непристојните понуди кон ВМРО-ДПМНЕ за влез во владата без никакво достоинство и услови, корупциските скандали на фамилијата на Ахмети,  ДУИ стана замрзната партија на неопределено време зашто нема програмски и кадровски реформи. Притоа, јасно им е потенцирано дека секое играње по руски ноти и предизвикување тензии ќе биде најостро санкционирано“, се вели во реацијата и се додава дека и покрај организираните напади и шпекулациите од страна на „Недемократската унија за дезинтеграција“, Вреди продолжува да градиме мостови на соработка на домашно, регионално и меѓународно ниво, доказ за тоа, како што се наведува, е и посетата на првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити на Албанија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ