понеделник, 21 октомври 2024
Изјава на лидерот на Беса

Касами бара основање на специјално јавно обвинителствo

Лидерот на Движење Беса, Биљал Касами, во телевизоско гостување на Еуроњуз Албанија изјави дека во Македонија треба да се формира специјално обвинителство, пренесува МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Касами, кој е и градоначалник на Тетово, во интервјуто оцени дека судскиот систем во Македонија е целосно корумпиран и дека му е потребна длабока реформа, но и дека има потреба од формирање на специјално јавно обвинителство.

„Актуелната власт се залага за реорганизација на правосудниот систем, можеби за Македонија е добар моделот на ветинг спроведуван во Албанија. Треба да ѝ се пресече патот на корупцијата. Судскиот систем во Македонија е уништен, а Албанија напредува на планот на правдата особено со заслуга на СПАК (Специјално обвинителство за гонење на корупција и организиран криминал). Во Албанија има надеж дека случувањата се одвиваат во рамките на правдата, што не се случува во Северна Македонија. Побаравме реструктуирање на правосудниот систем за да се разбие овој монопол каде што има злоупотреба на луѓе. Оваа влада е посветена на реорганизација на правосудниот систем, ќе бараме длабока реформа на судството и обвинителството. Кога дојдов на чело на Општина Тетово до Основното јавно бвинителството поднесов најмалку пет пријави за големи злоупотреби на јавните средства. Ниту една од тие тужби не беше земена предвид иако ги имаа фактите“, рече Касами, а пренесе МКД.мк.

Инаку, СПАК, Специјалното обвинителство на Албанија спроведува кривично гонење и и своите обвиненија, во име на државата, ги застапува пред специјалните судови, презема мерки и врши надзор над извршувањето на кривичните одлуки, а врши и други работи определени со закон. Специјалното обвинителство ги врши своите функции самостојно, преку специјални обвинители, кои ги именува Високиот обвинителски совет.

Maкедонија имаше Специјално јавно обвинителство – СЈО кое беше затворено во 2020 година без да се назначи нов специјален јавен обвинител откако Катица Јанева беше уапсена. Мандатот на СЈО не му се продолжи иако можеше тоа да се направи со одлука на Собранието на Македонија, со двотретинско мнозинство. Голем број предмети на СЈО застареа откако минатата година беше донесен нов Кривичен законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ