сабота, 27 јули 2024
Прес конференција на лидерот на Беса

Касами: Ако Ахмети е чист нека даде оставка заедно со Мерко и нека отворат пат за вистинска истрага

Објавено на

часот

Сподели

„Како да не беше доволна истрагата што ја направија нашите американски пријатели и откривањето на злоупотребите на Рамиз Мерко па Али Ахмети вчера ни одржа лекција, велејќи дека Мерко треба да го гони Обвинителството. И како тоа да не беше доволно, истото Ахмети го кажа и за неговиот внук Дрин Ахмети, кој преку ноќ стана милионер, без да знае како, чиниш некој тоа му го подарил“, рече Касами.

Народот веќе не ги прифаќа вашите манипулации, порача Касами и нагласи дека случаите се јасни и дека САД туку – така не би ставила некого на црна листа.

„Америка веќе ве истражи и ги стави вашите на црната листа. Народот ве суди и ѝ даде доверба од само 4 проценти на правдата за која постојано зборувате. И да знаете дека народот ќе ве казни на следниве избори. Ако сте толку убедени во вашата невиност, тогаш поднесете оставка заедно со Мерко и вашите функционери и отворете пат за вистинска истрага. Но, знаеме дека тоа не можете да го направите. На крајот, народот ќе ви даде најдобра пресуда“, истакна Касами.

Тој порача дека е очигледно дека за Ахмети не е доволна истрагата, како што рече, на американските пријатели, па се јавува во Обвинителството за да го истражува „струшкиот џамбаз Мерко“.

„Но Ахмети, за кој обвинител зборуваш, за твојот слуга, за тој што не знае како завршил на фотографии сликан со тебе и членови на семејството и со внукот Дрин“, праша Касами и нагласи дека државните институции се под силно влијание на владејачките партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ