сабота, 27 јули 2024

Карпите се отстранети, отворен е патот кон Крива Паланка

Од АМСМ известуваат дека сообраќајот на патниот правец Куманово–Крива Паланка од 18.15 часот е нормализиран и се одвива непречено, без застои и ограничувања. Сообраќајот на овој патен правец пред Страцин беше во прекин поради поголем одрон, а екипи на ЈП Македонија пат работеа на расчистување и нормализација. 

Објавено на

часот

Сподели

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на другите државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ