сабота, 27 јули 2024

Карлос Алкараз го освои Индијан Велс

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкараз во два сета го победи Данил Медведев и го крена пехарот на турнирот во Индијан Велс.

Објавено на

часот

Сподели

За час и 44 минути Алкараз ја доби битката со Медведев. Мечот имаше два потполно различни сета.

Во првиот се водеше голема битка, Алкараз го доби во тајбрејк со 7-5, а во вториот беше убедлив со 6-1.

Ова беше втор освоен Индијан Велс за Карлос Алкараз. Тој стана првиот играч кој освоил две титули по ред на овој турнир пред да наполни 21 години по Борис Бекер кој тоа го направил во 1987-1988.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ