На почетокот од овој месец, Карим Бензема стави крај на авантурата во Реал Мадрид и ги одбра стотиците милиони од Саудиска Арабија.
Напаѓачот замина од „Бернабеу“ како легенда и еден од најдобрите во историјата, но за брзо време успеа да ги разочара навивачите со еден потег.
Карим Бензема престана да го следи Реал Мадрид на социјалните мрежи, а за болката да биде поголема, напаѓачот и понатаму го следи Лион, клубот во кој ја почна кариерата.
Французинот беше дел од „кралевите“ дури 14 сезони и ја носеше капитенската лента.