Карикатурата која вчера беше објавена на сајтот на Телнес го прикажува Безос како клечи и подава торба со пари на статуа на Доналд Трамп.
Jeff Bezos never wanted this cartoon to become public.
He killed it, and as a result, pulitzer prize editorial cartoonist Ann Telnaes quit.
Make sure everyone sees this cartoon. pic.twitter.com/hrvdGeowGO
— Aaron Parnas (@AaronParnas) January 4, 2025
Кон средината на декември компанијата Амазон, која е сопственост на Безос, донираше милион долари на фондот кој ја организира инаугурацијата на Трамп.
Безос исто така неодамна ја посети резиденцијата на Трамп на Флорида.
Телнес работела во Вашингтон пост од 2008 година и за своите карикатури и стрипови добила Пулицерова награда.
Таа на својот сајт објави дека ниеден нејзин цртеж никогаш не бил одбиен „поради темата со која се бави“.