сабота, 19 октомври 2024

Кари со тројка во последната секунда донесе победа за Голден стејт против Феникс (ВИДЕО)

Голден стејт со 113-112 го победи Феникс во крајно неизвесен меч кој го реши Стеф Кари со тројка во последните моменти од натпреварот.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот беше неизвесен во целиот тек, а драмата заврши со среќен крај за домашниот тим.

Феникс водеше со 112-110, на семафорот имаше уште три секунди до крајот, Стеф Кари ја доби топката, шутна и погоди тројка за победа од 113-112.

До крајот Феникс имаше уште 0,7 секунди, но не успеаа да направат чудо и да реализираат за тоа време.

Кари мечот го заврши со 30 поени, најефикасен кај Феникс беше Букер со 32 поени.

Резултати:
Далас – Оклахома 146-111
ЛА Клиперс – Детроит 112-106
Бруклин – Сан Антонио 123-103
Шарлот – Мемфис 115-106
Орландо – Чикаго 114-108
Вашингтон – Филаделфија 113-119
Атланта – Хјустон 122-113
Њујорк – Индијана 111-125
Торонто – Кливленд 95-119
Голден стејт – Феникс 113-112
Портланд – Њу Орлеанс 84-93

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ