сабота, 27 јули 2024

Кари со одлична партија го предводеше Голден стејт до триумф над Орландо (ВИДЕО)

Стеф Кари блесна и донесе победа од 121-115 за Голден стејт над Орландо, Ембид со трипл-дабл го ја предводеше Филаделфија до триумф над Чикаго од 110-97.

Објавено на

часот

Сподели

Голден стејт забележа триумф над Орландо, а најдобар во него беше Стеф Кари кој реализираше 36 поени.

Натпреварот беше изедначен, но финишот од мечот им припадна на домаќините кои на крајот се израдуваа на победата.

Најдобар во составот на Орландо беше Банчеро со 27 поени и 12 скокови.

Филаделфија со 110-97 го победи Чикаго. А лидер во триумфот беше Џоел Ембид кој со 31 поен, 15 скокови и 10 асистенции комплетираше трипл-дабл. Најдобар кај Чикаго беше Дероузен со 16 поени.

Резултати:
Филаделфија – Чикаго 110-97
Мемфис – Сан Антонио 106-98
Њу Орлеанс – Бруклин 112-85
Оклахома – Бостон 127-123
Голден стејт – Орландо 121-115
Сакраменто – Шарлот 104-111

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ