сабота, 27 јули 2024
НБА

Кари со историска партија го предводеше Голден стејт до пласман во полуфинале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше неизвесен во првото полувреме, Сакраменто ги доби првите две четвртини со по еден поен разлика, на одморот се замина со предност за нив од 58-56. Но работите се променија по паузата, Голден стејт заигра многу подобро, брзо ја анулираше негативата и на крајот славеше со 20 поени разлика, 120-100.

Стеф Кари имаше неверојатна партија, тој постигна 50 поени и постави нов рекорд. Никој досега не успеал да постигне толку поени во седми натпревар од плејоф серија.

Вториот најефикасен кај Голден стејт беше Вигинс со 17 поени, Томпсон постигна 16, одличен беше Луни кој имаше 21 скок. Во составот на Сакраменто Сабонис постигна 22 поени, Фокс 16.

Голден стејт во полуфиналето на Западот ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ