понеделник, 3 март 2025

Кари првпат по шест години ја заби топката, историска ноќ за Грајмс (ВИДЕО)

Голден стејт загуби на гостувањето кај Филаделфија со 126-119, но оваа вечер ќе биде запаметена по забивањето на Стеф Кари, нешто што се случува исклучително ретко.

Објавено на

часот

Сподели

Тројките на Кари се нешто вообичаено што се гледа на секој натпревар, но кога ќе забие, тоа е настан. Овојпат се случи првпат по шест години. Забивањето не беше спектакуларно, не беше атрактивно, но се случи и сите полудеа.

Тој мечот го заврши со 29 поени и 13 асистенции. Во отсуство на Жоел Ембид, кај Филаделфија се истакна Грајмс кој го имаше својот најдобар меч во кариерата, постигна 44 поени и беше главен во победата над Голден стејт.

Резултати:

Шарлот – Вашингтон 100-113
Детроит – Бруклин 115-94
Хјустон – Сакраменто 103-113
Мемфис – Сан Антонио 128-130
Далас – Милвоки 117-132
Филаделфија – Голден стејт 126-119

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ