Стеф Кари одигра меч како во своите најдобри времиња, го предводеше Голден стејт до победа во Орландо со дури 56 поени, беше убедливо најефикасен во својот тим. Одличен на паркетот беше и кошаркарот на Орландо, Банчеро кој постигна 41 поен.
Јокиќ со 32 поени, 14 скокови и 10 асистенции реализираше уште еден трипл-дабл, но тоа не беше доволно за победа на Денвер на гостувањето кај Милвоки. За победничкиот тим доминираше Адетокумбо кој запиша 28 поени и 19 скокови.
Резултати:
Орландо – Голден стејт 115-121
Милвоки – Денвер 121-112
Далас – Шарлот 103-96
Феникс – Њу Орлеанс 116-124
ЛА Лејкерс – Минесота 111-102