понеделник, 30 декември 2024

Караван на Државна лотарија „Зимска новогодишна бајка“

Во пресрет на новогодишните празници, Државна лотарија во втората половина на месец декември ја носи магијата на празничното новогодишно расположение во Скопје преку реализација на караванот „Зимска новогодишна бајка”.

 

Објавено на

часот

Сподели

Проектот предвидува оддржување на еднодневни јавни настани кои ќе се оддржат во општините Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Аеродром и Гази Баба.  Еднодневните настани ќе започнуваат во 18 часот и ќе траат до 23 часот.

Во првиот дел од програмата е предвидено оддржување на забавна програма за деца во која најмладите жители на општините во Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапот на Детскиот фестивал Поточиња, а истовремено и да проследат театарската претстава на театарот Чекори, бесплатно да се фотографираат со Дедо Мраз, да добијат новогодишни пакетчиња и да се забавуваат со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.

Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.

Скопјани ќе имаат можност на настаните да уживаат со топол пијалок и добра храна.

Во сабота, на 21 декември, во Новогодишната бајка на Државна лотарија ќе уживаат жителите на општина Ѓорче Петров, на плато во паркот.

Во недела, 22 декември, караванот ќе го посети Драчево (кај Крстот) – Општина Кисела вода.

Програмата за најмладите започнува во 18 часот, а настанот трае се до 22:30 часот.

24 декември – вторник Општина Бутел, пред општинската зграда;

26 – четврток Општина Карпош, плоштад Делфина (пред Порта Влае);

28 – Општина Аеродром, во парокот Јане Сандански;

29 – Општина Гази Баба, плоштад Автокоманда.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ