сабота, 27 јули 2024

Каратистите на Макпетрол ќе учествуваат на турнир од светската премиер-лига во Португалија

Објавено на

часот

Сподели

Претставниците на најтрофејната македонска екипа ќе се натпреваруваат во дисциплината борби, во конкуренција со 990 спортисти од 70 земји. Тимот ќе го предводи тренерот и натпреварувач Петар Заборски.

Следните каратисти на „Макпетрол“ отпатуваа за Португалија: Петар Заборски (-75 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55 кг.) и Викторија Јовановска  (-61 кг.).

На првиот турнир од светската премиер карате-лига годинава, што се одржа во Атина, Витомир Трајковски (-84 кг.) се закити со бронзен медал. Минатиот месец на турнирот во Ларнака Петар Заборски (-75 кг.), освои бронза, а Стефан Стојановиќ беше петтопласиран. 
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ