петок, 13 декември 2024

Каратистите на Макпетрол добитници на два спортски оскари

Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти во Македонија за 2023 година. Каратистите на „Макпетрол“ и годинава се добитници на две вредни признанија. Спортските оскари ги освоија Витомир Трајковски, како и Универзитетскиот карате-тим составен од пет спортисти-сениори кои што се членови на скопскиот клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Витомир Трајковски годинава на Светските игри во Ријад, Саудиска Арабија во конкуренција на првите Топ 8 спортисти од светската ранг-листа стана светски бронзен медалист. Тој освои бронзен медал од официјално европско првенство во Коња, Турција за помлади сениори (У21), стана и Балкански првак во Тирана за 2023 исто во конкуренција на (У21). Годинава Трајковски е бронзен медалист од светската 1 Премиер карате лига А серија во Атина. Со ова добиено признание Витомир Трајковски е избран за најдобар спортист во младинска конкуренција за 2023 година.

Универзитетскиот карате тим е прогласен е за најдобар во универзитетскиот спорт. На европските игри на боречки спортови во Загреб тимот го освои златниот медал и стана европски првак. Карате тимот кој е европски првак во својот состав има пет членови од карате клубот „Макпетрол“.

Петар Заборски изјави дека овој тим е најдобар во историјата на универзитетскиот спорт на Македонија бидејќи ја одбрани титулата на европски првак која ја освои минатата година на европската универзијада во Лоѓ, Полска во конкуренција на 20 спорта од 40 држави. За овој тим, капитенот, покрај двата златни медали од европски универзијади, посочи дека има освоено и сребрен медал од европската универзијада во Загреб и сребрен медал од светските игри на боречки спортови во Самсун, Турција. За тимот настапија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“, Димитар Илиевски од „Ботони“ и Глигор Хаџикимов од карате клубот „Штип“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ