Пресуден услов за учество на игрите е спортистите да се наоѓаат меѓу осумте најдобри на Светската карате ранг-листа. Во секој спорт, како и во секоја тежинска категорија, ќе учествуваат единствено првите осум спортисти, односно само тие што се најдобро пласирани на своите светски ранг-листи.
Претставниците на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат во засебни тежински категории. Витомир Трајковски ќе настапи во полутешка (-84 кг.), додека Стефан Стојановиќ ќе учествува во тешка категорија (+84 кг).
На официјалната ранг-листа на WKF (Светска карате федерација), Трајковски е прворангиран, додека Стојановиќ е на третата позиција.