сабота, 27 јули 2024

Капитенот предупредува: Нè чека лоша ракометна иднина!

Објавено на

часот

Сподели

Ако не се сменат работите, ние ќе бидеме последна добра генерација: Кире Лазаров (десно)

„Како земја заостануваме многу зад сите трендови во ракометот. Работите со младите селекции воопшто не се како што треба. Мора да им се обрати повеќе внимание на нив. Ние, сениорите, имаме тим граден со години и затоа сме добри. Но што правиме понатаму? Огромна е дупката помеѓу сениорскиот тим и младите категории. Сето ова кога-тогаш ќе ни се одбие од глава. Затоа, не е доцна нешто да се смени, не смееме да се задоволуваме со пласманот на ЕП, а потоа да нè нема пет години. Згрешивме со еуфоријата по првенството во Хрватска, кога му се радувавме со 11. место, а потоа три години исчезнавме од ракометната мапа. Мора да имаме континуитет на учества на големи натпреварувања. Затоа и сакаме да се пласираме во вториот круг, само така би добиле полесен противник во баражот за СП 2013 година. Апелирам да не се повтори грешката, оваа еуфорија за спорот мора да се искористи и ракометот да се подигне на многу повисоко ниво“, изјави емотивно Лазаров.

З.К.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ