недела, 6 октомври 2024
Младинскиот репрезентативец на Македонија започнува нова авантура

Капитенот на Брера прави трансфер во Израел

Младинскиот репрезентативец на Македонија, голманот Марко Алчевски ќе ја продолжи кариерата во Израел, потпиша со тимот на Хапоел Ерусалим.

Објавено на

часот

Сподели

22 годишниот Марко Алчевски започнува нова авантура, се сели во Израел, АП Брера утрово соопшти дека нивниот капитен прави трансфер во редовите на Хапоел Ерусалим.

„Нашиот прв голман Марко Алчевски се сели во Израелската Премиер лига  каде од следната сезона ќе го носи дресот на Хапоел Ерусалим. 22 годишниот Алчевски кој е чувар на мрежата и на младинската фудбалска репрезентација на Македонија, лани беше капитен на Брера и ја имаше најдобрата сезона во својата кариера“ – се вели во дел од соопштението.

Хапоел Ерусалим последната натпреварувачка сезона во Израел ја заврши на 7-та позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ