сабота, 27 јули 2024

Капиталното дело на светите браќа Кирил и Методиј е бесценето наследство за светската наука и култура, вели Џафери

Објавено на

часот

Сподели

„Капиталното дело на светите браќа Кирил и Методиј е бесценето наследство за светската наука и култура. Оваа порака која ја испраќам од Светата Столица, каде што ја предводам државно-црковната делегација на Република Северна Македонија на традиционалната манифестација во чест на Свети Кирил, е потврда за тоа дека светите апостоли Кирил и Методиј, претставуваат столбови на културниот образец на Европа и глобалната духовност и се нераскинлива врска помеѓу нас и светот. Нивните дела во кои е вложен многу труд, љубов и посветеност ја надминуваат рамката на време и простор и имаат вековна значајност. Писменоста, јазикот, знаењето, науката и вредноста на зборот се од непроценлива вредност, како за еден народ така и за светот“, наведува Џафери во честитката.

Честитки за 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методи, и посакувам, вели претседателот на Собранието Џафери, патот на нашата земја да биде светол како што е и нивното дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ