Нголо Канте е еден од играчите кои решија ова лето да ја напуштат Европа и да се преселат во Саудиска Арабија.
Французинот потпиша за Ал Итихад и се шпекулира дека ќе инкасира околу 100 милиони евра годишно.
Тој реши веднаш да почне да го троши богатството кое ќе го заработи и си купи клуб од Белгија, Нголо Канте стана сопственик на третолигашот Ројал Ексцелзиор Виртон.