сабота, 27 јули 2024

Кандидатурите во ДИК ги поднеле Пендаровски, Димитриевски, Таравари и Јакимовски

Четворица од седуммина кандидати кои собраа потписи од граѓаните денеска поднеле кандидатури за претседател до Државната изборна комисија. Кандидатура за претседател поднел актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари од поддржан од коалицијата на албанската опозиција Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Според роковникот на ДИК за претседателските избори, кандидатурите треба да бидат поднесени до утревечер. Потписи за кандидатура за претседател собраа и Гордана Силјановска Давкова, која е поддржана и со пратенички потписи од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Билјана Ванковска поддржана од Левица и Бујар Османи, поддржан од ДУИ.

Кандидатурите треба да бидат потврдени од членовите на ДИК и тогаш тие и официјално ќе станат претседателски кандидати.

Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ