четврток, 26 декември 2024

Кандидатите за претседател денеска ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори

Објавено на

часот

Сподели

Откако кандидатите за претседател на државата ќе го потпишат Кодексот, предвидено е да имаат поздравни говори.

Настанот ќе заврши со две групни фотографирања, едното на сите кандидати и другото, на сите кандидати со членовите на Државната изборна комисија.

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, кој се трка за втор мандат за шеф на државата на претстојните претседателски избори денеска ќе одржи Конвенција, на која ќе ја претстави изборната програма.

„Во изминативе пет години, заедно градиме демократско и граѓанско општество. Така, обединети, и ќе продолжиме. Почнувајќи од утревечер, пред граѓаните ќе ја презентирам програмата за следните пет години. Продолжуваме да градиме општество кое ќе се темели на европски вредности“, објави вчера на Фејсбук Пендаровски.

Пендаровски, како што најави неговиот изборен штаб, планира во текот на кампањата големо присуство на терен и освен поголемите митинзи во градовите, предвидени се многубројни средби со граѓани. За време на кампањата планирано е Пендаровски да посети најмалку 60 населени места.

На 4 април почнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори се на 8 мај, кога ќе се гласа и за втор круг од претседателските избори.

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ