сабота, 27 јули 2024

Кандидатите на изборите имаат право на еден јавен настап до почетокот на кампањата, велат од ДИК

Согласно неодамна донесените измени во Изборниот законик денеска Државната изборна комисија – ДИК донесе неколку одлуки и ги потсетува кандидатите на изборите дека до почетокот на изборната кампања имаат право да организираат само еден јавен настап, а што беше и прашање упатено од МКД.мк до ДИК.

Објавено на

часот

Сподели

На прашање на МКД.мк упатено по писмен пат, дали кандидатите за пратеници имаат право да се појавуваат во кампањата на кандидатите за претседател, со оглед на тоа што кампањата за претседателските избори е започната, но не и кампањата за парламентарните избори, од ДИК решија да не одговорат со толкување на законското решение, туку со суво цитирање на членот 69-а. Во став 4 од овој член се вели:

„Од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања, учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми“.

Резервираноста да се даде конкретен одговор „написмено“ за МКД.мк веројатно значи дека кандидатите за пратеници можат да присуствуваат на настаните на претседателските кандидати. Кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април, а за претседателските избори е веќе започната.

Што се однесува до денешната седница, ДИК донесе одлуки за објавување на описите на избирачките места и за измена и дополнувањена роковниците за изборни дејствија за претседателските и за парламентарните избори согласно измените на Изборниот законик, а беа акредитирани и дополнителен број набљудувачи на двата вида избори на 24 април и 8 мај.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху информираше дека измените се однесуваат на неколку точки од Изборниот законик. За изборите за претседател и за пратеници тоа се однесува на финансиските извештаи за донации, додека за парламентарните избори и за тоа дека од моментот на потврдување на кандидатски листи до моментот на почеток на кампњата не смее да се трошат средства од трансакциската сметка и дека учесникот на изборите во тој период има право да организира само еден јавен настап.

За двојните избори ДИК одобри дополнително 31 набљудувач на ОБСЕ/ОДИХР и две лица од Центарот за континуирани обуки во избори од Молдавија. Амбасадата на Албанија имаше барање за акредитирање на три лица, додека Центар за безбедносни истражувања бараше акредитација на 29 лица.

„Секој овластен набљудувач мора да го почитува Кодексот за набљудување на ДИК, истакна членот на ДИК Бобан Стојковски.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ