вторник, 7 јануари 2025

Канцеларот на Австрија Карл Нехамер поднесе оставка

Австрискиот канцелар и шеф на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) Карл Нехамер изјави вчера дека ќе поднесе оставка на местото претседател на владата и лидер на ОВП во следните денови, откако преговорите за формирање нова влада пропаднаа по втор пат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Преговаравме долго и чесно. Не е можен договор со Социјалдемократската парија (СПО) за битните точки. Народната партија останува на своите ветувања: нема да се согласиме на мерките кои се против работењето или на нови даноци. Затоа ги завршуваме преговорите со СПО и нема да ги продолжиме“, порача Нехамер на социјалната мрежа Икс.

Нехамер за јавниот сервис ОРФ кажа дека ќе се повлече „и како канцелар и како лидер на ОВП во следните денови“.

„Пробавме сè до оваа точка. Договор за клучните точки не е можен, така што тоа нема смисла за позитивна иднина на Австрија“, кажа Нехемаер.

Соопштението следи откако Народната партија и социјалдемократите ги продолжија преговорите за коалиција еден ден по ненадејното повлекување на либералната партија Неос од разговорите за формирање владејачка коалиција.

Десничарската Слободарска партија (ФПО), која победи на парламентарните избори во септември, не доби можност да формира влада, па сега чека да види во која насока ќе се развива ситуацијата.

Анкетите покажуваат дека поддршката на ФПО, која е евроскептична и наклонета кон Русија, пораснала од изборите на 29 септември кога таа партија освои 29 отсто од гласовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ