сабота, 27 јули 2024

Канцеларијата на ОН за човекови права: „Израелските напади врз хуманитарните работници се воено злосторство“

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права соопшти денес дека нападите врз луѓето кои се вклучени во доставување на хуманитарна помош претставуваат воени злосторства, по смртоносниот напад на Израел на хуманитарните работници во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Напад на луѓе или објекти вклучени во хуманитарна помош може да претставува воено злосторство. Како што високиот комесар повеќе пати изјави, неказнивоста мора да заврши“, кажа портпаролот на Канцеларијата на ОН за човекови права Џереми Лоренс.

Според него, израелските воздушни напади во кои беа убиени активисти на Светската централна кујна (ВЦК) укажуваат на ужасните услови под кои хуманитарните работници работат во Газа.

„Меѓународното право бара од сите страни да го почитуваат и штитат персоналот кој пружа хуманитарна помош и да ја осигураат нивната безбедност и слободата на движењето“, истакна Лоренс, а пренесува Ројтерс.

Тој кажа дека прекинот на испораките и дистрибуцијата на помош од страна на невладините организации, вклучувајќи ја ВЦК, го зголемил „веќе присутниот ризик од голем број смртни случаи од глад и болести“. Израел вчера кажа дека ќе ја прилагоди својата тактика во војната во Газа по убиството на хуманитарните работници.

Медицинската хуманитарна организација Лекари без граници го отфрли ставот на Израел дека воздушниот инцидент бил „трагичен инцидент“, укажувајќи дека претходно биле нападните многу хуманитарни работници.

Седум работници на Светската централна кујна, која пружа помош во храна во кризните и конфликтните зони, беа убиени кога нивниот конвој беше гаѓан во понеделникот, набрзо откако надгледувале истовар на 100 тони храна довезени во палестинската енклава по море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ