четврток, 26 декември 2024

Канатларовски: Од оваа генерација има играчи кои брзо ќе тропнат на вратата на А-репрезентацијата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски смета дека во неговата селекција има играчи со голем потенцијал кој брзо ќе станат сениорски репрезентативци.

Објавено на

часот

Сподели

Пред младинската репрезентација на Македонија се два пријателски натпревари, дуели со Полска и Босна и Херцеговина.

„Според однапред утврдените термини, планот и распоредот за натпревари во оваа пауза ќе искористиме шанса да добијат нови фудбалери. Покрај тоа, постарите во тимот треба да го потврдат својот статус во тимот. Оваа е генерација на заминување, има право да игра уште четири официјални натпревари. Има потенцијал и квалитет, а дел од играчите поседуваат квалитет и потенцијал за брзо сериозно да тропнат на вратите на А-репрезентацијата. Тоа впрочем е и нашата основна цел. Има освежувања во фудбалери кои се помлади, од генерацијата 2005 кои играа елитни квалификации. Добија шанса да бидат тука, да видат како е и да се подготват за иднината. Сигурно е дека овие тестови се добри, да се види моменталната форма на играчите и тимот во целина“, вели селекторот Канатларовски.

„Полска е една категорија погоре од нас, па ќе биде вистински тест за силите. Од друга страна Босна и Херцеговина е репрезентација која дава и ќе дава млади квалитетни фудбалери. Ова е убава контрола и можност да се испитаат нашите сили. Очекувам добра претстава бидејќи кога и да играш за репрезентацијата, постои мотив да се одигра најдобро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ