сабота, 19 октомври 2024

Канатларовски: Не се предаваме ни во Холандија, но Гибралтар мора да го победиме

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска ги почна подготовките за престојните два квалификациски меча за пласман на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските надежи на 5. септември гостуваат кај Хландија, а четири дена подоцна играме со Гибралтар, исто така на гостински терен.

„Пред нас се два нови натпревари, против Холандија и Гибралтар. Прво играме против фаворитот во групата на гостински терен и тоа е најтешкиот меч во овие квалификации. Но, нема предавање, подготвени сме да се бориме и да одиграме уште еден добар и квалитетен меч како првиот во Скопје. Што се однесува до дуелот со Гибралтар, на тој меч ситуацијата е различна, фаворити сме и се очекува победа од нас“, вели Канатларовски.

Селекторот потенцираше дека шанса на овие натпревари ќе добијат и помлади фудбалери кои ќе може да играат и во следниот квалификациски циклус.

„Во наредните натпревари шанса ќе добијат и нови млади фудбалери кои ќе имаат можност да настапуваат за оваа селекција и во следниот квалификациски циклус“.

По шест одиграни кола Македонија е на петтата позиција со шест бода, зад нас е само Гибралтар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ