сабота, 27 јули 2024

Канатларовски го објави списокот за дуелите со Гибралтар и Шведска

Пред македонската репрезентација до 21 години се два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство во Словачка 2025, играме против Гибралтар и Шведска во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките од 5. коло на 21. март играме со Гибралтар од 14 часот, а на 26. март ќе ги одмериме силите со Шведска исто така од 14 часот. Двата натпревари се играат на Националната арена „Тодор Проески“.

Селекторот Драган Канатларовски денеска ги објави имињата на кои ќе смета за овие два натпревари.

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски А.П. Брера

Стефан Митрев Кожув

Иван Николоски Каменица Саса

ОДБРАНА:

Методи Максимов Алесунд, Норвешка

Стефан Деспотовски Работнички

Решат Рамадани Шкендија

Имран Фетаи Тиквеш

Андреј Стојчевски Жилина

Михаил Димитриевски Брегалница

СРЕДЕН РЕД:

Иван Николов Сондеријске, Данска

Ардијан Цилафи Сампдорија, Италија

Хамза Рамани Шкупи

Лука Станковски Тузласпор, Турција

Алекс Златков Македонија Ѓ.П

Димитар Тодоровски Работнички

Матеј Ангелов Работнички

Ване Крстевски Шкендија

Берат Калкан Гостивар

Еркан Семовски Коге, Данска

Џемил Јахја Воска Спорт

НАПАД:

Марио Илиевски Кишварда

Луан Абази Сент Гален, Швајцарија

Филип Трпчевски Уциктен, Шведска

„Не очекуваат два многу битни натпревари против Гибралтар и Шведска. Мечот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, се друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник како Шведска и да покажеме дека победата против нив на гостински терен во првото коло не беше случајна“, вели селекторот Канатларовски.

„На претходните мечеви од квалификациите против Холандија, Молдавија и Грузија резултатски не бевме успешни, се надевам дека тоа нема негативно да се одрази на нашата игра на следните мечеви“.

„Верувам во моите фудбалери, имаме сили, располагаме со квалитет кој треба да го покажеме на следните квалификациски дуели. Силно посакуваме да се вратиме на победничките патеки“.

„Фокусирани сме на првиот меч против Гибралтар кој мора да го добиеме. Што се однесува за дуелот со Шведска, очекувам да имаат друг пристап во однос на првиот наш меѓусебен дуел, но и ние имаме свои математики и цели, стратегија и начин како да се спротиставиме и како да одиграме против нив“.

„Во Скопје ќе допатуваат сите играчи кои се повикани, некои од нив се жалат на повреди, но во консултација со докторскиот тим и стручниот штаб ќе утврдиме кои фудбалери ќе бидат во можност да се стават на располагање за претстојните натпревари. Доколку има потреба ќе бидат повикани дополнително нови фудбалери. Радува фактот што Трпчевски е здрав и ќе може да се приклучи на националниот тим. Семовски ќе биде големо освежување во средниот ред, Јахја е фудбалер кој подолго време го следиме, со своите игри во клубот заслужи повик во репрезентацијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ