петок, 18 октомври 2024

Канаѓаните до злато во штафетата 4х100 метри, Американките се вратија на тронот

Канада стигна до злато во машката штафета 4х100 метри на Олимписките игри во Париз, во женска конкуренција, САД се врати на тронот.

Објавено на

часот

Сподели

За прв пат по 1996, Канада се радува на злато во машката штафета 4×100 на Олимписките игри.

Попладнево во Париз, Канаѓаните ја искористија дисквалификацијата на САД, и во тесна трка први минаа низ целта.

Селекцијата составена од Арон Браун, Џером Блејк, Брендон Родни и Андре де Грас постави време од 37,5 секунди.

Второто место и припадна на штафетата на Јужна Африка со време 37,57 секунди, а бронзата ја освоија спринтерите на Велика Британија со време 37,61.

Во женска конкуренција, САД се врати на тронот откако Ричардсон, Томас, Џеферсон и Тери истрчаа фантастична трка и заслужено стигнаа до злато на 4х100 метри.

Велика Британија освои сребро, а последното место на пиедесталот им припадна на атлетичарките од Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ