недела, 20 октомври 2024

Канаѓанка осудена на 22 години затвор затоа што на Трамп по пошта му испратила рицин

Објавено на

часот

Сподели

Би-би-си објави дека пликот со отровот адресиран до Трамп бил пресретнат во септември 2020 година, додека тој сè уште бил претседател, а Ферие пред судот изјавила дека ѝ е жал што нејзиниот план не успеал и „што не можела да го спречи Трамп“.

Дополнително, Ферие рече дека себеси не се гледа како терорист, туку како активист.

Во писмото, на кое ФБИ ги најде нејзините отпечатоци, Ферие бара од Трамп да се откаже од претседателската трка и додала дека му пронашла ново име – „грдиот кловн тиранин“.

Таа призна дека сама направила рицин од остатоците од т.н рицинусов грав во својот дом во Квебек и дека го ставила во пликот со писмото.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, не постои познат противотров за рицин, кој, во зависност од дозата, може да предизвика смрт во рок од 6 и 72 часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ