сабота, 27 јули 2024

Канадска јавна телевизија го напушти Твитер, гневни дека се означени како „финансирани од власта“

Објавено на

часот

Сподели

Сопственикот на Твитер Илон Маск објасни дека „ЦБЦ кажаа дека владата ги финансира со помалку од 70 отсто“, па „ја поправивме ознаката“.

ЦБЦ порача дека ќе ги суспендира своите активности на Твитер поради ознаката, а спорот го привлече и вниманието на канадскиот премиер Џастин Трудо и неговиот конзервативен ривал Пјер Полиевр.

ЦБЦ одговори дека не ги финансира владата, туку дека „јавно се финансира преку парламентарни издвојувања за кои гласаат сите пратеници во парламентот“. „Нашето новинарство е непристрасно и независно. Да се сугерира спротивното е невистинито. Затоа ги паузираме нашите активности на Твитер“, кажа ЦБЦ.

Претходно вчера Трудо го обвини Полиевр дека го ангажирал американскиот милијардер да ја нападне канадската телевизија, откако Полиевр го поттикна Маск да го означи ЦБЦ како „финансиран од владата“. Полиевр минатата недела на Твитер напиша дека му пишал на Маск барајќи Канадиан бродкастинг корпорејшн „точно да се означи“.

Полиевр, кој минатата година ја презема партија и води кампања за прекинување на финансирањето на ЦБЦ, ја прослави одлуката, порачувајќи дека на Твитер „луѓето сега знаат дека тоа е пропаганда на Трудо, а не вести“.

Трудо, обраќајќи им се на новинарите, кажа: „Нападот на оваа канадска институција, нападот на културата и локалните содржини кои им се важни на многу Канаѓани, вистински укажува на вредностите и пристапот на господинот Полиевр“.

„За да ја нападне оваа институција која е важна за многу, многу Канаѓани, тој трча кај американските милијардери, технолошки џинови кои продолжува да ги брани“, додаде канадскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ