сабота, 27 јули 2024

Канада: Кина се мешаше во изборите во 2019 и 2021 година

Канадската разузнавачка агенција заклучи дека Кина се мешала во нејзините парламентарни избори, според официјална истрага.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Канадската разузнавачка агенција КСИС тврди дека Кина се мешала во изборите во 2019 и 2021 година. Во двата случаи победила Либералната партија на премиерот Џастин Трудо.

Тој назначи комисија да го истражи странското мешање во демократскиот процес под притисок на опозициските пратеници загрижени поради медиумските извештаи за можната улога на Кина. Во понеделникот, на комисијата ѝ беше прикажан дел од брифингот на КСИС од февруари 2023 година.

„Знаеме дека Народна Република Кина тајно и со измама се мешаше во изборите во 2019 и 2021 година“, гласеше еден од прикажаните клипови.

„Во двата случаи, овие активности на странско влијание беа прагматични и првенствено фокусирани на поддршка на оние кои се сметаат за прокинески или неутрално ориентирани“, според владата во Пекинг.

Ерин О’Тул, лидер на конзервативците за време на кампањата во 2021 година, тврдеше дека неговата партија изгубила до девет места во парламентот поради кинеското влијание, но додаде дека тоа не го променило драстично правецот на изборите.

КСИС оценува дека „државните актери“ можеле успешно да влијаат на изборниот процес во Канада бидејќи за тоа нема никакви правни или политички последици.

Разузнавачките аналитичари и конзервативците веруваат дека владата на Трудо не направила доволно за да се спротивстави на кинеското влијание. Канадскиот премиер затоа во среда ќе сведочи пред комисијата.

Конзервативците, традиционално построги кон Кина од либералите, во 2021 година водеа кампања на платформа која го осудуваше третманот на Пекинг кон малцинството Ујгури и повикаа на забрана на компанијата Хуавеј во 5Г мрежата.

Според пописот од 2021 година, Канада е дом на околу 1,7 милиони жители со кинеско потекло кои сочинуваат околу 5 проценти од населението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ