сабота, 27 јули 2024

Кан во Скопје, премиера на „Втор чин“

Францускиот институт во Скопје и Скопје сити мол организираат гала филмска вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Филмот „Втор чин“ ќе биде премиерно прикажан в среда, во 20 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје сити мол.

Се работи ексклузивна премиера во регионот и филм со којшто се отвори овогодишното издание на Канскиот фестивал, во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон во главните улоги.

„Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи ѝ се на политичката коректност. Филмот е полн со спонтан хумор“. (Фигаро)

„’Втор чин’ е несоменено еден од најдобрите филмови на Дипје: прецизно режиран носи рекордно долги кадри“. (Пари-Мач)

„Дипје е неуморен: тој ‘поставува на сцена’ четворица збунети ликови и создава од нив една апсурдна фикција. Вистински успех!“ (Ехо)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ