сабота, 21 декември 2024

Кампањата за парламентарните избори почнува на 24 април

Вчера Државната изборна комисија го усвои роковникот за изборите закажани за 24 април и 8 мај. Изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. За парламентраните избори закажани за 8 мај годинава, изборната кампања почнува на 18 април во 00:00 часот и ќе трае до 24 часот на 6 мај, соопшти Државната изборна комисија.

Објавено на

часот

Сподели

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 2 мај до 24 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници треба да ги достават до ДИК најдоцна на 2 април, до 24 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.

Јавниот увид во Избирачкиот список почнува на 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Медиумите и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, се должни во рок од три дена од денот на распишување на изборите, да се регистрираат во ДИК. Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ