„Згрижувачките семејства нудат љубов и стабилност, додека центрите за лица со попреченост обезбедуваат поддршка и еднакви можности. Оваа кампања е повеќе од помош – таа е порака дека нивната работа е вреднувана и дека заедницата стои зад нив. Ваквите иницијативи се клучни за вистинска промена и подобрување на животите на најранливите“, изјави Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади.
Директорот на ВЕРО, Петар Денковски, додаде: „Во ВЕРО веруваме дека нашата одговорност оди чекор понапред од само обезбедување производи. Кампањата ‘Поддршка за згрижувачките семејства’ ја покажува нашата посветеност на заедниците. Денес не подаруваме само подароци – носиме порака на надеж и солидарност со секое згрижувачко семејство и секој центар за лица со попреченост.“
Настанот во ВЕРО Битола ги обедини згрижувачките семејства, претставниците на центрите за лица со попреченост, децата и граѓаните, славејќи го духот на заедништвото и поддршката. Оваа иницијатива ја нагласи важноста на грижата за најранливите во општеството и е дел од пошироката мисија на ВЕРО за корпоративна одговорност, насочена кон поттикнување инклузија и солидарност.
Оваа иницијатива е повеќе од хуманитарен проект – тоа е порака на солидарност, надеж и посветеност кон сите кои се борат за подобра иднина.