сабота, 21 декември 2024

Кампањата на Трамп: Му се закануваат со смрт од Иран, сакаат да посеат хаос во САД

Доналд Трамп бил информиран од американската разузнавачка служба за смртни закани од Иран, се вели во соопштението на неговата претседателска кампања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Републиканскиот претседателски кандидат претходно денеска беше информиран од Канцеларијата на директорот на Националнaта разузнавачка служба за реалните и конкретни закани од Иран дека ќе го убие во обид да се дестабилизира и да се посее хаос во САД“, рече директорот за комуникации на кампањата на Трамп, Стивен Ченг.

Според Ченг, „разузнавачките службеници идентификувале дека овие континуирани и координирани закани се зголемиле во текот на изминатите неколку месеци“.

„Службениците за спроведување на законот работеа на тоа Трамп да биде заштитен и претседателските избори на 5 ноември да бидат без мешање од други земји“, додаде тој.

Иран ги отфрли обвинувањата дека се обидел да го убие Трамп претходно ова лето, набргу откако вооружен маж отвори оган на собир во Пенсилванија, убивајќи едно лице и ранувајќи го претседателскиот кандидат.

САД, исто така, го обвинија Иран за хакирање на кампањата на Трамп, велејќи дека Техеран се обидува да влијае на изборите во 2024 година. Претходно овој месец, американски официјални лица изјавија дека ирански сајбер напаѓачи понудиле „украден, нејавен“ материјал од кампањата на Трамп на персоналот на Џо Бајден.

„Странски актери ги зголемуваат активностите за влијание на изборите како што се приближува денот на изборите во ноември“, се вели во американското соопштение, издвојувајќи ги Русија, Иран и Кина како оние кои „се обидуваат да искористат некои мерки за да ги влошат поделбите во американското општество за своја корист“.

Ирански хакери, исто така, се обиделе да ги споделат информациите украдени од кампањата на Трамп со американските медиумски организации, изјавија официјални лица. Иран ги отфрли обвинувањата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ