сабота, 27 јули 2024

Камиони со хуманитарна помош за првпат влегоа во Газа од северната граница

Првите камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа преку новоотворениот граничен премин на северот на палестинската енклава, соопшти денеска израелската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Граничниот премин е во функција од вчера и првите камиони со хуманитарна помош влегоа во тој крајбрежен појас, се додава во соопштението на војската.

Во екот на тековната војна меѓу Израел и Хамас, имаше извештаи за глад од енклавата, особено на северот, а добротворните организации се жалеа дека испораките на меѓународната помош не се доволни за да се задоволат потребите на палестинското население.

Израел ги контролира копнените и поморските патишта во Газа уште пред војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ