Граничниот премин е во функција од вчера и првите камиони со хуманитарна помош влегоа во тој крајбрежен појас, се додава во соопштението на војската.
Во екот на тековната војна меѓу Израел и Хамас, имаше извештаи за глад од енклавата, особено на северот, а добротворните организации се жалеа дека испораките на меѓународната помош не се доволни за да се задоволат потребите на палестинското население.
Израел ги контролира копнените и поморските патишта во Газа уште пред војната.