сабота, 19 октомври 2024

Камион со 11 кубици дрва пронајден во двор во радовишко, на друго место уште 4 кубици дрва

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во дворното место на Т.Ј. во село Дедино, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш пронашле товарно возило марка ман со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва. Притоа, во координација со Шумска полиција Радовиш било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за огревните дрва, по што товарното возило и дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие Национални шуми – подружница Плачковица –  Радовиш за натамошна постапка.

Нешто пред тоа, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш извршиле контрола и во дворно место на У.Д.(53) од село Коџалија, радовишко, пронашле поголема количина дабови огревни дрва. При контролата било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за 4 кубни метри огревни дрва, по што тие биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие Национални шуми подружница Плачковица – Радовиш за натамошна постапка. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти МВР

.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ