сабота, 27 јули 2024

Камински започна штрајк со глад

Поранешниот министер за внатрешни работи на Полска, Мариуш Камински, денеска започна штрајк со глад, откако во вторникот беше уапсен и спроведен во затвор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој беше уапсен во претседателската палата во Варшава, заедно со својот заменик Мачеј Васик.

Полскиот премиер Доналд Туск претходно го обвини претседателот Анджеј Дуда за попречување на правдата, откако Камински и неговиот заменик Мачеј Васик беа видени во претседателската палата.

Неколку недели откако партијата Право и Правда дојде на власт во 2015 година, Дуда го помилува Мариуш Камински, кој беше осуден за злоупотреба на политичкото влијание, дозволувајќи му да стане министер за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.

Во постапката пред апелациониот суд беше одлучено случајот повторно да биде отворен, а во декември минатата година Камински и Васик беа осудени на две години затвор за злоупотреба на политичките овластувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ