сабота, 27 јули 2024

Камерон е против испраќање западни сили во Украина, дури и за обука на војниците

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека е против испраќање западни сили во Украина, дури и за обука на војници таму.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во интервјуто објавено денеска за германскиот дневен весник Зидојче цајтунг, Камерон рече дека „треба да избегнеме создавање очигледни цели за рускиот претседател Владимир Путин“.

Министерот изјави дека е подобро да се обучуваат украинските војници во странство и додаде дека во Велика Британија се обучени 60.000 украински војници.

На 26 февруари, францускиот претседател Емануел Макрон го вознемири светот затоа што одби начелно да ја исклучи можноста за испраќање западни сили во Украина.

Британската влада еден ден подоцна соопшти дека испратила „мал број“ персонал во Украина „за поддршка на украинските вооружени сили, особено во однос на медицинската обука“ и дека не планира големо распоредување.

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну изјави во петокот дека нема дискусија за испраќање „копнени борбени трупи“ во Украина.

Лекорну додаде дека треба да се размисли за помош за деминирање во Украина и „за обука на украински војници на украинска територија“.

Камерон изјави денеска дека има потреба од оружје со долг дострел за поддршка на Украина и напомена дека тоа треба да и помогне на Германија да ја надмине својата „неподготвеност“ да и достави на Украина ракети Таурус со долг дострел, што ќе ѝ овозможат да погоди цели длабоко во териториите на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ