сабота, 27 јули 2024

Камерон: Британија ќе размисли за признавање на палестинската држава

Велика Британија ќе го разгледа признавањето на палестинската држава како еден од заедничките напори за постигнување „неповратно мировно решение“, кажа шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека на Палестинците треба да им се даде политички хоризонт за постигнување мир на Блискиот Исток.

Камерон ја почнува својата четврта посета на тој регион откако беше именуван за министер за надворешни работи минатиот ноември.

Лондон има одговорност да одреди како би изгледала палестинската држава, кажа тој во Вестминстер.

На палестинскиот народ би морало да му се покаже „неповратен напредок кон решение со две држави“, истакна Камерон.

„Како тоа ќе се случи, ние со сојузниците ќе го разгледаме прашањето за признавање на палестинската држава, вклучувајќи ги Обединетите нации“, кажа тој во Конзервативниот совет за Блискиот Исток.

Тој го повика Израел да дозволи повеќе хуманитарна помош за Газа и кажа дека е смешно виталната британска и друга помош да се испраќа назад на границата.

Камерон кажа дека последните 30 години се приказна за неуспехот на Израел бидејќи не успеал да им пружи безбедност на своите граѓани.

„Со самото препознавање на тој неуспех има мир и напредок“, додаде британскиот министер за надворешни работи.

Британија веќе долго поддржува дводржавно решение, со кое Израелците и Палестинците би можеле да живеат едни покрај други во одвоени земји.

Камерон наведе дека Британија би можела да даде формално, дипломатско признавање на палестинската држава не како дел од конечен мировен договор, туку порано, за време на самите преговори.

Истовремено, би морало да постои нова палестинска власт која би „станала брзо“ со „технократски и добри лидери“ способни да управуваат со Газа, кажа тој.

„Заедно со тоа, речиси најважно од сè, е да му се даде на палестинскиот народ политички хоризонт за да можат да видат дека ќе дојде до неповратен напредок кон решение со две држави и, што е клучно, воспоставување палестинска држава“, додаде Камерон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ