сабота, 19 октомври 2024

Каменувана куќата на кикбоксерот Бобан Илиоски

Вчеравечер во Скопје била каменувана куќата на најдобриот македонски кикбоксер, Бобан Илиоски. МВР соопшти дека инцидентот се случил откако Илиоски физички се пресметал со едно лице кое претходно нападнало член од неговото семјество.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што велат од МВР, се започнало околу 22.20 часот кога Илиоски со уште едно лице физички го нападнале 28-годишниот Е.Л. од Скопје.

Е.Л. со поголема група луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Повредени се В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св. Наум Охридски”.

Од полицијата информираат дека увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ