„Потпретседателката Харис е спремна за уште една прилика да ја дели бината со Доналд Трамп“, порача претседателката на кампањата Џен О’Мели Дилон во соопштение.
„Доналд Трамп не би требало да има проблеми да се согласи на оваа дебата“, додаде таа.
Харис денес на Икс напиша дека „радо ќе прифати втора претседателска дебата“ и дека се надева дека Трамп ќе ѝ се придружи на 23 октомври.
Изборниот штаб на Трамп, поранешниот претседател на САД и кандидат на републиканците на претседателските избори на 5 ноември, не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар.
Трамп минатата недела навести дека би можел да биде отворен за учество во трета претседателска дебата (втора со Харис) откако се соочи со Харис на 10 септември во Филаделфија.
„Можеби, ако бидам расположен“, им кажа тој на новинарите, откако претходно на својата социјална мрежа Трут соушал објави дека нема да има трета дебата, и дека Камала Харис треба да се фокусира на тоа што го работела претходните четири години.
За октомври Си-ен-ен понудил формат сличен на јунската дебата.