сабота, 19 октомври 2024

Камала Харис на чело на работната група за вештачка интелигенција

Објавено на

часот

Сподели

Харис и други високи функционери во администрацијата на Џо Бајден ќе се сретнат со извршните директори на „Алфабет“, „Анрропик“, „Мајкрософт“ и „ОпенАИ“ за да ги потсетат на нивната „одговорност да се осигурат дека нивните производи се безбедни пред да бидат дистрибуирани или јавно достапни“.

Состанокот има за цел да ги задржи компаниите на патот кон „иницирање одговорни, доверливи и етички иновации со заштитни мерки што ги ублажуваат ризиците и потенцијалната штета за поединците и нашето општество“, според Белата куќа.

Белата куќа, исто така, најави создавање на седум нови национални истражувачки институти за вештачка интелигенција кои се фокусираат на климата, земјоделството, енергијата, јавното здравство, образованието и сајбер безбедноста, објаснувајќи дека новите институти ќе „поддржат развој на разновидна работна сила за вештачка интелигенција“ со финансирање од 140 милиони долари од Националната научна фондација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ