среда, 23 октомври 2024

Камала Харис го избра гувернерот на Минесота Тим Валц за свој потпретседател

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави и кандидатка на Демократската партија за претседател Камала Харис ќе го избере гувернерот на Минесота Тим Валц за свој потпретседател, објави денес Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Четири извори блиски на кампањата на Харис кажале за медиумот дека нејзиниот избор е Валц.

Си-ен-ен пишува дека и изборниот штаб на поранешниот претседател и републикански кандидат за претседател Доналд Трамп внимателно ја следи одлуката на Камала Харис, иако тврдат дека не веруваат дека изборот ќе има големо влијание во трката за претседател.

60-годишниот Валц е искусен прогресивен лидер чиј профил би можел да помогне да се освојат државите од средниот запад на САД, вклучувајќи ги Висконсин и Мичиген, што може да претставува најдобриот пат на Харис до Белата куќа, оценува Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ